Метју Меконахи ќе стане професор на факултет

Актерот Метју Меконахи на есен ќе стане професор на Универзитет во Тексас, пренесуваат странските медиуми. Меконахи ќе предава на одделот за радио, телевизија и филм.

Наводно предавањата ќе се базираат околу неговите филмови како што се Mud од 2012 година и The Gentleman, кој треба да излезе на крајот на јануари следната година.

Мекнахи дипломирал во 1933 година на тексашкиот Универзитет во Аустин. Вработени на факултетот изјавиле дека ја препознале неговата работа. Ќе предава предмети поврзани со сценаријата на филмовите, за кои веќе има направено наставен план и програма.

„Метју се грижи за нашето училиште и студенти и одушевени сме што го дели своето време и талент за да им помогне на идните генерации, медиумски лидери и иноватори. Го цениме тоа што е подготвен за работа со студенти и надвор од училниците“, порачале од универзитетот.

„Ќе биде тоа предавање какво што отсекогаш сакав да го има во училиштата. Работата со студентите ќе ми даде шанса да ги подготвам како што треба“, вели Меконахи.

Актерот досега имал снимено повеќе од 50 филмови, вклучувајќи го и „Интерстелар“, „Како да изгубиш момче за 10 дена“, „Волкот од Вол Стрит“, „Добри дилери од Далас“, за кој доби „Оскар“ и „Златен глобус“.

 

Scroll to Top