Софија Вергара го прослави деловниот успех со својот син
Софија Вергара, атрактивна и со години најплатена актерка во ТВ серија, пред извесно време оствари деловна соработка со синџир ресторани, а вчера го прослави деловниот успех со синот Маноло.
Софија на церемонијата се појави во црн, тантела, деколтиран фустан, а до неа стоеше нејзиниот син кој е само 19 години помлад од неа. Актерката неодамна го прослави својот 52 роденден, но поради нејзиниот совршен, младешки изглед, многумина останаа шокирани кога видоа дека има син кој зачекори во четвртата деценија.
Софија Вергара имала 18 години кога забременила со поранешниот сопруг Џо Гонзалес. Таа се породила кога наполнила 19 години, а бракот со таткото на Маноло траел само две години.