Николас Кејџ од богатство од 150 милиони до банкрот оти од досада купувал сѐ што ќе му текне

Богатството на холивудската ѕвезда Николас Кејџ била проценета на 150 милиони долари, а денеска е многу помала затоа што од здодевност купувал куќи, имоти, автомобили и скапи работи.

Многу пари  трошел купувајќи недвижности по светот. Славниот актер едно време поседувал 15 куќи, меѓудругите во Англија и Германија како и имот вреден 25 милиони во Калифорнија.

Купил остров на Бахамите, и една од најпроклетите куќи во САД. За своите недвижности во моментов должи 6,3 милиони долари во данок.

Имал девет автомобили „Ролс Ројс“ и Ламборгини вредно 450 илјади долари. Глумецот поседува и глави на диносаурси вредни 276 илјади долари и гробница во облик на пирамида висока три метри во која сака да биде погребан, и октопод вреден 150 илјади долари кој наводно му помага во глумата.

Поседува стрипови во вредност од 1.6 милиони долари, а првиот стрип „Супермен“ наводно го платил 150 илјади долари.

За изгубеното богатство го обвинил и поранешниот партнер Семјуел Левин кој го тужел поради ризични инвестиции.

 

Scroll to Top