Почина Џејк Ламота, боксерот што стана славен филмски лик

Џејк Ламота, легендарниот боксер, кој беше испирација за филмот „Разјарениот бик“, почина на 95-годишна возраст од компликации од пневмонија.

Ламота имаше 83 победи и 19 порази во кариерата, што му донесе место во Боксерската хала на славните.

Меѓу јавните личности што му оддадоа почит беа и Мартин Скорсезе и Роберт де Ниро.

„Ламота ќе се памети како голем шампион. Тој беше, како што се вели, поголем од животот. Мило ми е што имав можност да го познавам“, изјави Скорсезе, кој го режира прославениот филм.

Откако ги прочитал мемоарите на Ламота во 70-тите години, Де Ниро станал опседнат од идејата да ги претвори во филм и за режисер го ангажира својот долгогодишен соработник Скорсезе.

За да се подготви за улогата, тој тренира со самиот Ламота и се здебели 27 килограми.

„Тренирав интензивно, но бевме внимателни. Не ни беше цел да убиеме некого. Потоа дојде Џејк и знаеше да ми каже ‘не грижи се, удри ме‘. Имаше 55 години, но беше многу цврст“, изјави Де Ниро во интервјуто за „Тајм“ .

Де Ниро за улогата на Ламота го освои својот втор „Оскар“ во 1981 година.

 

Scroll to Top