Почина познатиот американски комичар Пол Рубенс

Познатиот американски актер, Пол Рубенс, почина на 70-годишна возраст по борбата со тешката болест.

Како што пренесуваат светските медиуми, Рубенс кој светот го познаваше и како одличен комичар, писател и продуцент, се борел со рак. Рубенс починал во неделата.

„Вчера се простивме од Пол Рубенс, легендарен американски актер, комичар, писател и продуцент чиј сакан лик Пи-Ви Херман воодушевуваше генерации на деца и возрасни со својата позитивност, каприциозност и вера во важноста на љубезноста“, се наведува во соопштението на неговиот официјален Инстаграм профил.

Пол, како што се наведува, со години водел битка со ракот, далеку од очите на јавноста. Тој ја започнал кариерата во 70-те години, кога ѝ се придружил на комичарската трупа „Groundlings“ во Лос Анџелес како импровизиран комичар и сценски актер.

Творецот и ѕвездата на ТВ серијата од 1986 до 1990 година, „Pee-wee’s Playhouse“, повремено повторно го играше својот култен лик Пи-Ви во текот на годините, вклучувајќи го и филмот на „Netflix“, „Pee-wee’s Big Holiday“ од 2016 година.

Во 2010 година ја сними емисијата „The Pee-Wee Herman Show“ во живо на Бродвеј, која е снимена за „HBO“ и доби номинации за наградата „Primetime Emmy“.

Scroll to Top