Почина Мајкл Мендел, продуцентот на „Симпсонови“

Продуцентот на култната анимирана серија „Симпсонови“ и четирикратен добитник на „Еми“ наградите, Мајкл Мендел, почина на 55-годишна возраст.

Веста за неговата смрт во јавноста ја соопшти неговата сопруга Џуел Бестроп. Мендел починал во неговиот дом од природна смрт.

Со продукција почнал да се занимава уште додека бил студент, а серијата „Симпсонови“ е неговото врвно достигнување.

Мендел е добитник на три награди од анимацијата на епизодата Lisa’s Wedding, Homer’s Phobia и Trash of the Titans.

Откако прекинал со снимањето на „Симпсонови“, почнал со продукција на сериите Drawn Together, Sit Down, Shut Up и други.

 

Scroll to Top