Проја со тиквички и сирење

Пројата е еден од наједноставните и највкусните локални специјалитети. Потребни ви се само неколку состојки за да направите прекрасна и вкусна проја, па дури и ако рецептот е малку променет – тој ќе биде уште поздрав, уште посочен и, што е најважно, уште повкусен.

Потребни состојки:

  • 2 јајца
  • 200 гр сирење
  • 1 рендана тиквичка
  • 1 чаша кисело млеко (200мл)
  • 1 чаша бело брашно (користете ја чашата од кисело млеко)
  • 1 чаша пченкарно брашно
  • ½ чаша зејтин
  • 1 прашок за пециво
  • малку сол
  • сусам

    Начин на подготовка:

    Измијте и избришете ги тиквичките, доколку се млади, изрендајте ги на покрупната страна од рендето. Ако се малку постари, тогаш отстранете ги семките.
    Тиквичките по самиот состав се многу водени, затоа оставете да ја пуштат водата и добро да се исцедат.
    Кората од тиквички е многу здрава, но понекогаш може да биде и горчлива, па затоа најдобро е да ја пробате пред да ја изрендете.
    Прво изматете ги течните состојки со миксер: јајца, кисело млеко, зејтин.
    Потоа додадете бело брашно, пченкарно брашно, прашок за пециво и малку сол.
    Додадете ги тиквичките и сирењето и повторно убаво измешајте за да се комбинираат сите состојки.
    Смесата истурете ја во тава за печење обложена со хартија за печење или можете да користете калапи и посипете семе од сусам.
    Се печат во предходно загреана рерна на 200 степени околу 10-ина минути, а потоа намалете ја температурата на 180 степени и печете уште 20-30 минути (во зависност од рерната).
    Пројата треба да добие златно – жолта до светло-кафеава боја.

Scroll to Top