Се појави видео на кое се гледа како српското знаме заврши во рацете на Рита Ора

Пред неколку дена на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како пејачката Рита Ора настапува со српското знаме. Тогаш рекла дека знамето и го подарил обожавател и дека не знаела на која земја и припаѓа.

Таа вели дека сфатила дека се работи за српското знаме дури кога се симнала од бината.

Сепак, на социјалните мрежи се појави видео кое покажува како српското знаме всушност завршило во рацете на пејачката.

Пејачката истакна дека е горда Албанка и дека немала намера да го непочитува својот народ.

Таа во својата изјава рече дека на настапот во Унгарија добила знаме од обожавател, но дека поради осветлувањето не можела да види која земја ја претставува знамето.

Како што рекла, веднаш штом се симнала од бината сфатила дека тоа е српското, а не унгарското знаме.

Scroll to Top