Синот на Ким Кардашијан и Кање Вест итно префрлен во болница

Синот на светски познатата двојка Ким Кардашијан и Кање Вест минатиот четврток е примен во болница.

Како што пишуваат светските медиуми, малиот Сејнт  мина три дена во болницата во Лос Анџелес поради силно воспаление на белите дробови.

„Ким и Кање не се одвојуваа од момчето, и цело време беа со него во болницата“, пишува ТМЗ.

„Кање и јас дежуравме на смени затоа што дома нè чекаше ќеркичката. Од грижа воопшто не спиев. Ноќта во раните часови тој повраќаше, а имаше и висока температура“, изјaви Ким.

Како што пренесуваат медиумите, сестричката Норт му испраќала играчки на своето братче Сејнт во болницата.

Момчето во саботата било пуштено на домашно лекување.

 

 

Scroll to Top