Том Харди размислува да се повлече од глумата

Актерот Том Харди во интервју за британскиот магазин Esquire вели дека истовремено тешко му паѓаат славата и одвоеноста од семејството.

„Доста ми е. Да бидам брутално искрен, само сакам да продолжам со нормалниот живот“, вели Харди.

Актерот, кој во моментот работи на новиот филм Venom, вели дека многу повеќе го интересираат продукцијата и режијата од глумата. Британскиот актер веќе има своја продуцентска куќа – Hardy Son&Baker.

„Го совладав Монт Еверест. Неверојатно е што воопшто ѝ се приближив на планината, а уште повеќе што стигнав до самиот врв. Сега сакам да се симнам по истиот пат назад или да најдам некоја плажа и да се одморам?“, изјави реторички Том во интервјуто и додаде дека премногу ја цени својата, но и приватноста на своите деца.

Scroll to Top