(Видео) Никол Шерцингер покажа како изгледа без шминка, обожавателите: Филерот од усните ти побегнал

Никол Шерцингер, поранешна членка на групата „Пусикет Долс“, објави видео во кое покажа како изгледа без шминка и ги изненади обожавателите со својот изглед. 45-годишната пејачка покажа како се подготвува за наградите WhatsOnStage, а на самиот почеток на видеото се појави без шминка и со еден детаљ го привлече вниманието на нејзините следбеници.

„Ти избегал филерот во усните. Ослободи се од него, девојче, не ти треба. Изгледаш убаво“, „Што направи со твоите усни?“, „Ако сакаш да изгледаш помладо, ослободете се од тој филер во усните“, „Ботокс не ти одговара“ и „Ги уништи усните“, се само дел од коментарите.

Scroll to Top