(Видео) Научниците го открија изгубениот град во Атлантскиот Океан

Научниците пронајдоа изгубен град во Атланскиот океан. По должината на подводниот планински венец, западно од Средноатлантскиот гребен, од морето забележаа издигнат пејзаж составен од високи кули и активни хидротермални отвори.

Природното чудо го нарекоа Изгубениот град и бараат што поскоро биде ставен на листата на светско наследство, за да се заштити пред да биде доцна. Местото се верува дека е старо неколку десетици илјади години.

Планинските врвови се кремасти карбонски ѕидови и столбови. Ѕидовите се високи околу 60 метри. Пејсажот на планините е истражувано, а единственото светло кое го користеле истражувачите е светлината од возилата кое се управува далечински. Изгубениот град го откриле научници во 2000 година на длабочина од 700 метри.

Најмалку 120.000 години, а можеби и подолго, обвивката која се издигнува во овој дел од светот, реагира со морската вода и испушта водород, метан и други растворени гастови во океанот.

Гасовите кои се испуштаат се со температура до 40 степени Целзиусови, а во нив живеат морски ежови, полжави и ракови. Јаглеводородите произведени во отворите на Изгубениот град не се создадени од атмосферскиот јаглерод диоксид или сончевата светлина, туку од хемиските реакции во длабокото морско дно.

„Ова е пример за типот на екосистем кој би можел да биде активен во Европа“, рече микробиологот Вилијам Бразелтон.

За разлика од подводните вулкански отвори кои ослободуваат минерали богати со железо и сулфур, екосистемот во Изгубениот град произведува до 100 пати повеќе водород и метан.

Отворите во Изгубениот град се многу поголеми од подводните вулкански отвори, што укажува на нивната долгорочна активност.

Највисокиот монолит е наречен Посејдон по грчкиот бог на морето и достигнува висина од 60 метри. За жал, научниците не се единствените кои ги привлекол овој необичен терен.

Во 2018 година е објавено дека Полска ги добила правата за ископување во длабокото море околу Изгубениот град.

Иако во самото термичко поле нема некои вредни ресурси за ископување, сепак уништувањето на урбаната средина може да има несакани последици.

Научниците предупредуваат дека секое испуштање предизвикано од рударството лесно може да го уништи ова исклучително живеалиште.

Scroll to Top