(втор дел) Да не го ликвидирале Томас Оглу, денеска би се возеле речиси бесплатно

Системот користел филтри за задржување на пареата во парниот цевковод, парниот резервоар и парниот еквилајзер за да испорача правилна мешавина на пареа и воздух.

Пареата и горивото кои се наоѓале во цевководот се загревале со течност од моторот. Поради исклучително малата мешавина на гориво користена во презентацијата на овој пронајдок можело да се постигне поголема километража од 160 километри, со потрошени 3,8 литри гориво.

Стручен заговорник на изумот на Оглов бил и професорот и машински инженер Џералд Хокинс од А&M универзитетот во Тексас. Огл го елиминирал карбураторот и го постигнал тоа што моторот со внатрешно согорување и требало да го направи, да работи на гасови.

Изумот на Огл,  „оглмобил“, бил подготвен да направи пресврт во автоиндустријата.

Oвој пронајдок бил интересен за меѓународни финансиери, нафтени компании и произведувачи на возила и речиси сите му предвидувале иднина исполнета со слава и богатство.

Томас го контактирал Ц.Ф. Ремзи, „меѓународен финансиер“ кој сакал да го откупи патентот на овој уред и маркетиншките права, изјавил новинарот Рон Лајтнер.

Ремзи на крајот потпишал договор со Томас, кој можел да работи на својот уред со финансиска поддршка на Ремзи, кој, според договорот, ги преземал правата на патентот, дистрибуцијата и развојот на „оглмобилот“.

Ремзи на Лајтнер преку телефон му изјавил:

„Потпишавме прелиминарен договор со Том Огл денот откако го видовме изумот. Во градот имало претставници од компанијата ‘Форд’, ‘Џенерал моторс’ и други. Конкретно ‘Шел оил’ му понудил на Том 25 милиони долари. Сите го бркаа“.

Во јуни 1978 година, неколку месеци по првото интервју на Лајтнер со Огел, неговиот нов финансиер Ц.Ф. Ремзи ја продал компанијата Advance Fjuel Sistems Inc, што подоцна е установено дека била однапред планирана размена, нешто што не било познато за Томас.

Според зборовите на Лајтнер, Том бил малку нервозен во подоцнежните телефонски повици. Тој продолжил да прима 5000 долари месечно и добивал средства за истражување и развој. Исто така, планирано било да добива шест проценти авторски надомест, доколку уредот стигнел на пазарот.

Инженерите од компанијата Advans Fjuel го развиле „олгмобилот“ за маркетинг во април 1979 година, а тогаш амбициозниот Том Огл го отворил првиот од 1000-те планирани дијагностички автоцентри во државата.

Но, неговиот прв и единствен автоцентар набрзо бил затворен, а неговите месечни исплати прекинале. Му било кажано дека нема да добие никаков авторски надомест затоа што компанијата AFS работела на уред кој добил слични резултати, но не бил негов изум.

Линк од првиот дел