Агентите на израелската компанија „Црна Коцка“ биле ангажирани да шпионираат за Клинтон, Обама и Вајнстајн

Приватната израелска компанија „Црна коцка“ е агенција која се занимава со давање совети на меѓународни познати лица, кои се соочуваат со ризични ситуации и на кои им е загрозена безбедност и јавната положба.

На дел од светските лица им се потребни совети кои ги прават известувачките агенции. „Црната коцка“ е една од нив која била ангажирана од луѓе како филмскиот продуцент Харви Вајнстајн, кој поради скандалот со сексуалното злоставување на некои од познатите глумици и движењето #MeToo, морал да бара посебна заштита.

Корисниците на услуги на оваа компанија се и актери вмешани во предизборната кампања на Хилари Клинтон, која била вмешана во скандалот „E-mail Gate“, односно испратените мејлови со кои поранешната американска секретарка издала тајни воени американски документи.

Израелската безбедносна компанија Black Cube, во своите редови регрутирала поранешни израелски агенти од известувачките и тајни служби, поради што го добила надимакот „Приватни Мосад“.

Компанијата во која поранешниот израелски известувач Меир Даган бил почесен претседател од 2002 година до 2012 година, бил ангажиран од страна на холивудскиот продуцент Харви Вајнстајн, во 2017 година. Вајнстајн го ангажирал за време на скандалот со сексуалното вознемирување, поттикнат од движењето #Me Too.

Даган имал за задача да најде елементи за дискредитација на доказите и сведоците. Продуцентот му се обратил на Даган за да му помогне во задачата, за обвинувањата против него бидат целосно отфрлени.

Ехуд Барак, поранешниот премиер на Израел кој можел да гарантира успешност во работата, го советувал Вајнстајн да ја ангажира израелската компанија.

„Ме замоли само за совет, без објаснување за тоа што му е потребно“, се оправдал подоцна Барак, но сега, на почетокот на судењето објавена е и причината, а тоа води во уште една помрачна американска приказна.

Вајнстајн на израелската компанија им дал попис на луѓето кои требало да ги следат, за да приватните известувачи најдат докази кои подоцна ќе бидат искористени за негова ослободителна пресуда.

„Пописот се состоел од 91 име“, изјавил изворот внатре во известувачката компанија за „Би-Би-Си“. Избил скандал кој довел до копање во американското општество за подобро да се разберат задачите кои израелската компанија ги објавила и во кои случаите биле протагонистички.

Компанијата „Црна коцка“, е основана во 2010 година, од страна на двајца поранешни израелски известувачи Ави Јанус и Дон Зорела. Седиштето и е во Тел Авив, но со оглед на нејзината безбедност, таа била контактирана од голем број на странски клиенти.

 

 

 

 

Scroll to Top