Големата експлозија и почетокот на вселената се многу постари отколку што сме мислеле

Големата експлозија се случила пред 26,7 милијарди години, тврдат експертите. Според нивното истражување, универзумот е речиси двојно постар отколку што сме мислеле досега.

Експертите од Универзитетот во Отава развија нов модел и сега тврдат дека Големата експлозија се случила пред 26,7 милијарди години и дека оваа бројка е речиси двојно поголема од претходните проценки, кои сугерираа дека нашиот универзум датира од пред 13,7 милијарди години.

„Нашиот новоразвиен модел го продолжува времето на формирање на галаксијата за неколку милијарди години, што го прави универзумот стар 26,7 милијарди години, наместо 13,7 како што беше претходно проценето“, рече професорот Раџендра Гупта, автор на студијата.

Досега, научниците ја пресметуваа староста на нашиот универзум проучувајќи ги најстарите ѕвезди врз основа на црвеното поместување на светлината што доаѓа од далечните галаксии. Во 2021 година, тие дојдоа до бројка од 13,797 милијарди години за нашата галаксија врз основа на овој модел.

Сепак, многу експерти се збунети од постоењето на ѕвезди кои се чини дека се дури и постари од ова. На пример, Метусала, ѕвездата во соѕвездието Вага, се проценува дека е стара помеѓу 13,65 и 15,25 милијарди години. Покрај тоа, вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“ на „НАСА“ откри неколку рани галаксии кои се чини дека се во напредна состојба на еволуција.

Теоријата на Биг Бенг го опишува почетокот и еволуцијата на универзумот Оваа теорија е космолошки модел и се користи за да се опише почетокот и еволуцијата на нашиот универзум. Се вели дека универзумот бил во многу топла и густа состојба пред да почне да се шири пред 13,7 милијарди години.

Оваа теорија се заснова на фундаментални опсервации. Во 1920 година, телескопот на „НАСА“, „Хабл“ забележал дека растојанието помеѓу галаксиите се зголемува насекаде во вселената. Ова значи дека галаксиите мора да биле поблиску една до друга во минатото.

 

Scroll to Top