(ВИДЕО) Кинески роботи влегоа во рингот: Еден изведе брутален потег, другиот продолжи без глава!

Светот можеби е чекор поблиску до научната фантастика. Видео од необична борба меѓу хуманоидни роботи предизвика вистинска сензација на интернет, откако два роботи се соочија во ринг и демонстрираа потези кои повеќе потсетуваат на сцени од холивудски филм отколку на современа технологија.

Според информациите што кружат на социјалните мрежи, во борбата учествувале хуманоидните роботи Т800 развиени од кинеската компанија EngineAI. Во текот на дуелот, еден од роботите изведува потег сличен на боречка техника за соборување со нога, по што противникот завршува на подот.
Најголемо внимание сепак привлече моментот кога еден од роботите беше сериозно оштетен и остана без својата „глава“, но и покрај тоа успеа повторно да стане и да продолжи со движење, оставајќи ги гледачите во неверување.

Компанијата EngineAI претходно најави формирање на меѓународна роботска боречка лига под името URKL (Ultimate Robot Kombat League), која би можела да претставува нова ера во натпреварувањето меѓу напредни хуманоидни машини.

Сепак, видеото отвори и бројни дилеми. Дел од корисниците на интернет се сомневаат во неговата автентичност и тврдат дека сцените можеби се резултат на компјутерска анимација или напредни CGI ефекти. Од EngineAI категорично ги отфрлаат таквите обвинувања и тврдат дека станува збор за реални демонстрации на можностите на нивните роботи.

Без разлика дали станува збор за технолошка револуција или маркетиншки спектакл, снимките веќе предизвикуваат огромен интерес ширум светот. Многумина сметаат дека ваквите натпревари би можеле да станат нов глобален тренд, а други предупредуваат дека роботите стануваат сè поспособни и сè повеќе наликуваат на луѓе.

Едно е сигурно – борбите меѓу роботи повеќе не се само сцени од научно-фантастичните филмови, туку реалност која брзо се приближува.

ВИДЕОТО ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ТУКА

Scroll to Top