Кога Шон Талиер (35) и неговата сопруга Каролина (32) почнале да ја реновираат куќата во октомври 2021 година, не можеле да замислат какво изненадување ги чека.
Под нивниот дом на островот Гернзи, близу брегот на Нормандија, се криел огромен нацистички бункер од Втората светска војна!
Парот го открил масивниот комплекс со две големи простории, пренесува „Дејли стар“.
Талиер знаел дека островот бил под германска окупација во периодот 1940-1945 година, кога нацистите ги претвориле Каналските острови во воени тврдини. Сепак, не очекувал да најде бункер токму под својот дневен престој.
„Знаев за бункерите по островот, но никогаш не би помислил дека еден се наоѓа под мојата дневна соба“, изјавил тој за локалните медиуми.
<iframe title=”YouTube video player” src=”https://www.youtube.com/embed/ag3CtdbgwaM?si=016-m7uxdjEFcvwq” width=”800″ height=”420″ frameborder=”0″ allowfullscreen=”allowfullscreen”></iframe>
Претходната сопственичка, гледајќи фотографии од куќата на Фејсбук, го прашала парот дали ги пронашле просториите под темелите, откривајќи дека како деца се играле таму пред нивниот татко да ги затрупа со земја.
Парот ангажирал багер и отстранил десетици тони земја, по што откриле бетонски влез во бункерот.
Кога слегле внатре, останале без здив. Внатре имало две простории со димензии 5×3 и 5×6 метри, поврзани со коридор долг девет метри. Бункерот се наоѓал на осум метри длабочина.
Внатре пронашле стари шишиња, излез во случај на опасност, но и застрашувачки пораки испишани од нацистите за време на Втората светска војна. Особено внимание им привлекла пораката: „Внимание, непријателот слуша“ (Achtung, Feind hört mit).
„Ова не се само неколку простории, ова е историја. Студено, влажно и застрашувачко сведоштво за она што луѓето го поминувале тогаш“, рекол Шон.
Парот планира да го претвори бункерот во просторија за забави — со билјард сала и мини-теретана, при што ќе вградат 80 тони бетон за да ги обезбедат ѕидовите и скалите. Пораките на германски јазик планираат да ги зачуваат и реставрираат со калиграфија.
„Каролина сака да ја завршиме куќата, но јас ветив забавa за Ноќта на вештерките во бункерот“, се пошегувал Шон. „Морам да го исполнам тоа ветување“.