Пробиотиците се бескорисни, ГМО-храната е добра, а глутенот е неопходен

Најголемиот дел од храната произведена по вештачки пат веќе одамна е на удар од страна на некои заговорници кои сметаат дека таа е наменета за истребување дел од човечката популација. Ваквиот удар во изминатите неколку години зазема сѐ поголем замав.

Сепак, изминатата недела беа објавени списоци од студии за храната, кои покажуваат дека пробиотиците се непотребни, ГМО-храната е безопасна, а диетата, односно избегнувањето на глутенот, е ужасна идеја, освен ако диетата ви е неопходна.

„Секогаш е убаво кога ќе се прочитаат студии кои се скептични за магичната нутриционистка“, вели доктор Јони Фрејдхоф, лекар и професор во Отава, кој има блог за исхрана.

„Мислам дека треба многу труд и време да се скрши јавното мислење за тоа дека постои и магична храна направена по вештачки пат, која може да биде здрава“, дополнува Фрејдхов.

Сѐ започна пред една недела кога во една студија објавена во Genome Medicin е разгледана идејата за тоа дека пробиотичките додатоци што ги консумирате му го даваат на вашиот имунолошки систем поттикот што му е потребен.

Тим од дански истражувачи направиле систематски преглед на седум студии, а потоа ги испитале ефектите од пробиотичките производи, како што се, на пример, пијалаците од јогурт и бисквитите.

Авторите на студијата откриле дека не постојат убедливи докази за конзистентни ефекти на пробиотиците врз фекалниот микробиотички систем.

Следната цел на научниците бил глутенот, првенствено благодарение на студијата објавена во The Jornal of Pediatrics на доктор Нурел Рикала Рајли, гастроентеролог и експерт од Универзитет „Колумбија“.

Во неа се наведени причините за големиот број придобивки на глутенот. Освен ако не сте алергични на пченица или чувствителни на глутенот, самото избегнување може да биде штетен за вашето здравје. Ваквиот потег би можел да ве стави во позиција да имате недостиг на одредени витамини и хранливи материи и може да предизвика да бидете премногу изложени на токсини, како, на пример, арсенот, кој често се апсорбира во почвата со ориз и кој е примарна замена за производите без глутен.

На крајот постои и извештајот од Националната академија за наука објавен неделава, во кој е заклучено дека нема научни докази за тоа дека ГМО-храната влијае и ги зголемува здравствените ризици. Научниците на јавна дебата зборуваа за безбедноста на ГМО-производите направени од ГМ-културите. Посочија дека тие треба да бидат етикетирани како такви, но, од друга страна, потенцираа дека политиката и бизнисот на ГМО вклучувајќи ја тука и најголемата компанија за производство на храна на „Монсанто“ и патентите за семиња се сосема други прашања.

Сите три наводи предизвикаа прашина во јавноста за промена на свеста кај луѓето за тоа дека вештачката храна може да предизвика нарушување на здравјето.

Фрејдхов истакнал дека тешко е да се уништи храната, па дури и со добра наука и научни докази поради тоа што некои луѓе секогаш ќе го бараат трајното решение за подобро здравје.

Сепак, ваквата опседнатост во однос на одредени трендови на храна е преокупација на мал дел од населението, вели Фрејдхов.

„Луксузот за здравото живеење е она што реалистично е разбирливо неприменлив за голем број луѓе. Повеќето од нив не се загрижени за тоа дали ќе добијат ГМО во производите, туку се грижат за тоа дали ќе може да го прехранат своето семејство, без разлика на тоа дали нивните деца се среќни и здрави.

 

 

 

 

Scroll to Top