ЦИА го бара бродот на Ное

Приказната за арката на Ное ја поттикна ЦИА да ги бара остатоците од овој брод користејќи шпионски сателит. Агенцијата сателитот го постави над планината Арарат, каде што, според Библијата, се наоѓал бродот на Ное по потопот.

Според откриените документи, ЦИА поверувала во приказната за Ное и големиот потоп што ги уништил сите грешници, а преживеале само Ное, неговото семејство и по еден пар од сите видови животни на земјата.

Ако арката се пронајде, тоа битно би ги променило сфаќањата за историјата на човештвото и би докажало дека во Библијата сосема реално е прикажан целиот настан.

Експертите на ЦИА го пребаруваат теренот, а има истражувачи кои тврдат дека пронашле делови од овој древен брод.

ЦИА имала и поддршка од некои членови на Конгресот на САД. Британски „Дејли стар“ имал увид во барем 5 документи што се занимаваат со оваа тема.

Два конгресмена и два сенатора на САД дури од ВИА побарале детални информации за истражувањето на планината Арарат. Користени се и снимки што ги направил шпионскиот авион U-2. Сепак, некои од снимките поради ниската облачност се прогласени за неупотребливи.

Планината Арарат е со вулканско потекло и се наоѓа во Турција. На врвот, според христијанското предание, се наоѓа арката на Ное. Според Библијата, таа по потопот пловела 40 дена за на крај да заврши на врвот на планината.

Според мислењето на научниците, големиот потоп е тешко замислив, но христијанските теолози даваат точни димензии на бродот и сметаат дека бил 134 метри долг, 22 метри широк и 10 метри висок.

И другите приказни од Библијата ги интригирале научниците, па минатиот месец е пронајден доказ за излегувањето на Евреите од Египет.

 

Scroll to Top