Група на уметници стоат зад мистериозните монолити кои изминатите неколку дена се појавија на различни краеви во светот. Металните скулптури сега се понудени и на аукција.
Како што пренесуваат светските медиуми, групата „Најпознат уметник“, Most Famous Artist, на „Инстаграм“, поставила слика од монолит, велејќи дека чини 45.000 долари.
Целата приказна започна на 18. ноември, кога необична метална структура се појави среде пустина во Јута, по што оваа област стана место за голем број посетители, кои сакале да видат за што станува збор.
Веднаш се појавија разни теории, дека зад целата оваа работа стојат вонземјани. По десет дена, монолитот исчезна, на ист начин како и што се појавил, а бил тргнат од страна на 4 локални лице, кои биле загрижени дека големиот број на посетители, можат да го уништат природниот предел на пустината, кој со години бил недопрен.
Но, набрзо пооа, исти вакви монолити се појавија во Романија и Калифорнија, а руски научници од Тула, дури поставиле свој монолит за да го промовираат својот истражувачки центар. Сепак се работело за очигледна шега.
Сепак, уметнчката група со седиште во Санта Фе, ги решила сите дилеми. Тие поставиле фотографии од три монолити, по што еден корисник на „Инстаграм“ ги праша, дали навистина вие ги поставивте овие предмети, по што добил потврден одговор.
Потоа откриле дека постои и четврт монолит. Основачот на групата, Мети Мо, не можел да открие за самите инсталации.
„Сè што можам да кажам е дека сме познати по перформансите на овие видови, а овој пат нудиме и авентични уметнички објекти. Не можам сега да ви ги покажам сите фотографи, но ќе биде наскоро“, изјавил Мо, пренесува „Мирор“.
На прашањето зошто направиле ваков уметнички перформанс, Мо одговорил дека не постои подобар начин да се заврши ова скапана година, отколку светот за момент да помисли дека бил контактиран од вонземјани.
На, профилот потоа објавиле и фотографии на кој начин биле изработени монолитите.
(Видео) Мистериозен монолит се појави во Јута, Романија и Калифорнија