(Видео) Пилотот е одговорен за исчезнатиот малезиски авион, тврди поранешниот премиер

Поранешниот премиер на Малезија Наџиб Разак, изјави за медиумите дека авионот на Малезија Ерлајнс МH370 кој исчезна пред шест години со 239 патници и членови на екипаж во него, го срушил намерно пилотот Ахмад Шах.

Тој тврди дека Захарие Ахмад Шах дента кога исчезнал авионот, бил решен да изврши самоубиство и убиство. Ваква иста изјава претходно даде и поранешниот премиер на Австралија Тони Абот, кој кажа дека лидерите на Малезија никогаш не ја отфрлиле можноста дека капетанот на авионот извршил масовно убиство.

Абот претходно изјави дека од тоа што го дознал од властите во Малезија, тие од самиот почеток се сомневале во Захарие Ахмад Шах. Абот неговата изјава ја даде во документарниот филм на „Скај њуз“, кој се занимава со мистериозното исчезнаување на малезискиот авион, прнесува „Ројтерс“.

Наџиб за порталот „Слободна Малезија денес“, објаснил дека неговата земја го разгледува секое можно сценарио и по истрагата одлучиле да ги изнесат своите ставови во јавноста.

„Тоа би се сметало за неправедно и правно неодговорно, затоа што црната кутија и аудио снимка од кокпитот сеуште не се пронајдени. Немаме конечни докази за одговорноста на пилотот. Но, повторно морам да истакнам дека сценариото во кое пилотот е одговорен за смртта на патниците не е отфрлено“, изјавил Наџиб.

Наџиб вели дека постојат неколку причини зошто властите се сомневаат во вмешансота на пилотот. Тие велат дека Шах во својот дом имал симулатор на летање. Транспондерите на MH370 кои ја емитувале локацијата на авионот на радарите, веднаш се исклучиле откако авионот го напуштил воздушниот простор на Малезија.

Портпаролот на Наџиб ги потврдил наводите на поранешниот малезиски премиер, додека од Министерството за сообраќај на Малезија, одбил да ги коментира ваквите наводи.

Авионот MH370 исчезна за време на летот. Тој полетал од Куала Лумпур, а неговата крајна дестинација требало да биде Пекинг. Авионот требал да слета во Пекинг на 8. март 2016 година. Малезија, Кина и Австралија ја прекинаа двегодишната потрага во Индискиот океан во јануари 2017 година, откако не најдоа никаква трага од леталото.

Во мај 2018 година, заврши и втората тримесечна потрага по авионот, која ја предводеше американската фирма Oceam Infinity.

 

 

Scroll to Top