Како да престанете да се муртите и да спречите појава на брчки

Ако постојано се муртите (луѓето тоа го прават сосема несвесно), брчките се неизбежни. Како да престанете да се муртите и да спречите појава на брчки меѓу веѓите и на челото?

Брчките на челото се проблем кој ги мачи многу жени, кој често нема врска со годините, туку со намуртеното лице. Неопходно и важно е да ги изразите своите емоции, но добро би било тоа да не остави последици во вид на брчки меѓу веѓите и на челото. Како да спречите намуртување?

На што да обрнете внимание
За разлика од мускулите на телото, мускулите на лицето буквално се „вткаени“ во кожата, поради што кога се собираат, гледаме како мускулот ја влече кожата со себе. Згора на тоа, колку почесто изразувате емоции, толку повеќе вашите мускули се собираат и стануваат подуени. Како резултат на тоа, брчките на кожата стануваат позабележителни. И како да се спречи тоа?

Следете ги ситуациите во кои најмногу се вклучени мускулите на челото
Обидете се да набљудувате како вашето чело се „однесува“ кога сте лути, мрзливи, напнати или насмеани. Ова не значи дека треба да ги потиснувате своите емоции, само обрнете внимание. Ако често се лутите, практикувајте техники за смирување, медитирајте… Ова не само што добро ќе влијае на вашата кожа, туку и на целото тело. Лутината ја краде убавината и здравјето и мирот на умот.

Нема потреба премногу да ја истегнувате кожата или да ја притискате – ова само ќе и наштети. Создадете дневен вечерен ритуал за себе: со врвовите на прстите, неколку пати повлечете хоризонтални линии од центарот на челото до слепоочниците. Ако го правите тоа користејќи масло за лице, постапката ќе биде уште попријатна. Лесната масажа на лицето ги спречува брчките и го ублажува хроничниот спазам на мускулите на челото што се јавува поради постојаното муртење.

Трик кој навистина функционира
Ова звучи малку неверојатно, но навистина функционира. Земете монета од 5 денари (може да се користи која било друга, единствено важно е да биде малку поголема и потешка). Затворете ги очите и нежно тапкајте ја областа помеѓу и над веѓите. Две минути се доволни. Потоа ставете ја паричката меѓу веѓите и дишете длабоко и полека. Обидете се да замислите дека вашата кожа ја впива паричката, а потоа ја турка на површината. А потоа целосно опуштете се и одморете се дваесет минути. И можете да го направите тоа пред спиење. Повторувајте го ова секојдневно и брзо ќе забележите дека муртењето го нема.

Scroll to Top