Напиток од лимон и јаболка за слабеење и детоксикација на организмот

Летото е идеална мотивација да го доведеме нашето тело во рамнотежа и да ги отстраниме непотребните маснотии околу стомакот. Овој напиток е одличен за чистење на токсините од телото и за топење на масните наслаги. Сè што ви е потребно за да го подготвите овој напиток се три многу познати состојки. Јаболко, лимон и вода.

Јаболкото и лимонот имаат бројни придобивки кои влијаат на нашето здравје, како и на процесот на слабеење. Јаболката содржат голема количина на влакна. Влакната го забавуваат варењето и даваат чувство на ситост. Исто така, јаболкото има низок гликемиски индекс, што значи дека нема да ви го зголеми шеќерот во крвта. Тие се познати и како природен извор на пектин, растворливи влакна кои ја движат храната низ вашиот дигестивен систем.

Лимонот е одличен за детоксикација на телото, помага при излачување течности и отстранување на целулитот. Позната е и како нискокалорична храна која ќе ја забави апсорпцијата на мастите во вашето тело. Има висока содржина на витамин Ц кој ќе го зајакне вашиот имунолошки систем.

Овој пијалак е одличен избор доколку не сакате да пиете само обична вода. Зачинете ја водата со овие моќни намирници и останете здрави и хидрирани.

Рецепт за подготовка
Состојки: 3 лимони,  4 јаболка, 1,5-2 литри вода.
Подготовка: Во сад со вода ставете 2 лимони и 3 јаболка исечкани на прстени. Оставете се да зоврие заедно. За тоа време, на дното на бокалот ставете 1 лимон и 1 јаболко исечкани на прстени. Кога смесата во тенџерето ќе зоврие, извадете го овошјето на чинија и соберете ја водата во сад погоден за пиење. Оставете да се излади и потоа консумирајте.

Scroll to Top