Рецепт за мохито чизкејк

Состојки:
За основата: 200 гр бисквити, 100 гр путер, голема лажица мед.

Крем: 600 гр крем сирење, 50 гр шеќер во прав, 100 гр бело чоколадо, 1 пакување желатин, 100 мл слатка павлака.

Сируп: 100 ml вода, 100 гр кафеав шеќер, сок и кора од една лимета, неколку листови нане, пет лажици бел рум.

Подготовка: Во блендер ставете ги бисквитите, растопениот путер и медот. Ставете во калап и израмнете ја површината со чаша. Подгответе го сирупот. Кога водата ќе зоврие додадете ги шеќерот, лиметата, нането и румот. Гответе на тивок оган пет минути. По пет минути, процедете го сирупот. Оставете го сирупот да се излади додека го подготвувате кремот. Подгответе го желатинот според упатството на пакувањето. Загрејте го кремот и додадете го белото чоколадо. Чоколадото нека се растопи на тивок оган. Се трга од оган и се додава желатин. Мешајте додека желатинот не се раствори. Измешајте го крем сирењето со шеќер во прав и додадете сируп и крем со чоколадо и желатин. Сè добро измешајте. Прелијте со бисквитната основа. Оставете го колачот добро да се стегне во фрижидер.

Scroll to Top