Состојки за ролни од блитва: 750 гр компири, 500 гр блитва, 1 кромид, 2 лажици масло, 1 чешне лук, 400 гр излупени домати, 30 гр путер, 100 мл млеко, 1 јајце, 100 гр сирење, сол, бибер, морско оревче.
Подготовка на ролни од блитва: измијте ги компирите и варете ги покриени со солена вода на умерен оган околу 25 минути. Во меѓувреме во поголемо тенџере зовријте вода и посолете. Измијте ја блитвата, извадете ги рачките и густите делови, внимавајте листовите да останат едно парче. Ставете ги листовите во серии 2 минути во зовриена солена вода, измијте ги со ладна вода и исцедете ги. Компирите процедете ги и оставете ги да се изладат. Излупете го и исечете го кромидот. Во мало тенџере загрејте го маслото и во него пропржете го кромидот. Излупете го и притиснете го лукот и додајте го во кромидот, заедно со доматите. Оставете го сосот да се готви непокриен околу 5 минути на средна температура, а потоа зачинете со сол и бибер. Компирите излупете ги, изрендајте или поминете ги низ сито за да се направи пире. Измешајте путер, млеко и јајце и зачинете со сол, бибер и морско оревче. Загрејте ја рерната на 180°C. Изрендајте го сирењето. На предната половина од секој лист блитва ставете 2-3 лажици од смесата со компири и превиткајте ја од предната страна. Продолжете додека не ги потрошите сите листови и филот. Истурете го доматниот сос во рамен огноотпорен сад, ставете ги ролните од блитва, посипете со рендано сирење и печете 20-ина минути.