Уредничката на магазинот „Вог“, Ана Винтур на 72 години изгледа витално и свежо. Во нејизната нова биографија открива што јаде за ручек. Секој ден во нејзината канцеларија јаде едноличен ручек, стек од њујоршки ресторан со капрезе салата без домати.
Иако алатата капрезе е направена од домати и сирење од моцарела, Винтур не ги „сака“ доматите, па затоа секогаш бара да не и ги сервираат.
Нејзините соработници откриваат дека, за овој ручек плаќала по 77 долари или околу 73 евра, бидејќи се работи за елитен ресторан во Њујорк.