Едноставните рецепти често прават најдобри комбинации на вкусови, а дополнителен плус се здравите состојки кои ќе ни дадат енергија во текот на целиот ден. Доколку планиравте да подготвите нешто подгответе ги состојките за вкусни палачинки со блитва, пилешко и крем сирење.
Палачинки со блитва – состојки:
220 гр обично брашно
250 гр блитва
1 дл вода
2 јајца
3 лажици масло
2 дл млеко
Полнење:
Кремсир
Пилешки гради
Палачинки со блитва – подготовка:
Блитвата процедете ја и поминете низ млаз ладна вода.
Изблендирајте ја блитвата со додаток на вода.
Просејте го брашното и додадете ја блитвата и сите останати состојки.
Оставете ја смесата во фрижидер околу еден час.
Печете ги палачинките по вообичаената процедура.
Пилешките гради исецкајте ги насни коцки и проржете ги на малку зејтин. Можете да пробате и со други варијанти.
Секоја палачинка намачкајте ја со крем сирење и месо, пренесе Дневник.хр.