Зегин го донираше покривот за новата куќа, лекови, гардероба и пелени за 13-членото семејство од село Русиново, Беровско, кое остана без покрив на глава. Куќата изгоре целосно, но, за среќа, немаше повредени лица. Пожарот започнал во раните утрински часови и се смета дека бил предизвикан од проблеми со инсталација.
Градоначалникот на општина Берово, Звонко Пекевски, е главен инцијатор за солидарноста, како и комплетно завршување на новата куќа.