Ја зрачела ќерка и со хемотерапија, иако била здрава

Жена од Квинсленд (23), која својата четиригодишна ќеркичка релиси четири години ја “труела” со лекови против рак за да стане популарна на Фејсбук, осудена е на шест години затвор, пренесува AFP.

dete hemoТаа жена чие име не е наведено во интерес на нејзината ќерка, била активен член на групата “Fight for Life” на Фејсбук и уживала во вниманието и сожалувањето на останатите бројни членови на истата група како и пријателите.

На својата ќерка и давала штетни лекарства кои воопшто не и’ биле потребни бидејќи била сосема здрава, а кога лековите ќе почнеле да делуваат и детето да плаче и да се превиткува од болки – ја фотографирала и тие фотографии ги објавувала во групата.

На здравото девојче, под дејство на хемотерапијата и’ настрадала коскената срж и започнало да пропаѓа.

dete hemo2

Мајката кога се освестила за тоа што и’ го прави на ќерка си, го признала својот злочин и навела дека лековите ги купувала преку интернет.

dete hemo3“И давала на својата сопствена ќерка лекарства знаејќи дека тие сериозно ќе и’ наштетат” – изјавува обвинителот Глен Кеш.

“Мора да бидете свесни за сериозноста на штетата која и’ ја нанесовте на вашата ќерка”, изјавил судијата Тони Рафтер и додал дека животот на детето бил доведен во опасност и девојчето претрпело ужасни болки. Казната е мала бидејќи се утврдило дека мајката страда од ментално пореметување.

Судијата Рафтер им го доделил девојчето на грижа на бабата и дедото кои на драго срце го прифатиле. Изминатите неколку месеци, колку што траел судскиот процес, девојчето започнало да закрепнува.

Scroll to Top