Луѓето со високо образование имаат помал ризик од инфаркт

Дипломата може да ни донесе подобро работно место и поголема плата, но според најновото истражување на Универзитетот „Оксфорд“ и Лондонскиот колеџ, високото образование има силно влијание и врз нашето здравје бидејќи го намалува ризикот од инфаркт и срцеви заболувања.

Во студијата, со која бил опфатени 500.000 луѓе, научниците наведуваат дека 3,6 години дополнително образование го намалува ризикот од инфаркт за речиси 30 отсто. Пообразованите исто така имале и понизок индекс на телесна маса, пониско ниво на масти во крвта, а меѓу нив имало и повеќе непушачи.

Еден од експертите, д-р Џулиен Ваучер, вели дека резултатите покажуваат оти тоа делумно може да се објасни преку тоа што многу од испитаниците биле непушачи, но ако се земат предвид и другите испитаници, мистеријата останува.

– Политичарите треба да пронајдат начин како да го стимулираат продолжувањето на образованието кај луѓето, можеби со помош на подигање на свеста за ползата од сето тоа – објаснува научникот.

Scroll to Top