Романец на суд не успеа да докаже дека е жив

Романски државјанин не успеа да докаже дека е жив во локалниот суд во градот Васлуј. 63-годишниот Константин Релиу побарал од судот да го признае за жив, откако во 2016 година бил прогласен за мртов, но ја загубил битката. Судската одлука е конечна, а од судот велат дека барателот предоцна ја поднел жалбата.

Релиу заминал да работи во Турција во 1992 година. Тој прекинал секаков контакт со семејството во Романија, па неговата сопруга побарала и добила посмртница во 2016 година.

Турските власти годинава го фатиле Релиу со истечени документи и го депортирале во родната земја. Дури тогаш дознал дека е официјално прогласен за мртов.

„Официјално сум мртов, иако сум жив. Немам приходи и затоа сум регистриран како починат, а не можам ни да најдам работа“, рекол тој.

Scroll to Top