(ВИДЕО) Го заборави текстот од песната на Тоше ама пак го освои жирито

Во најновото издание од најновата сезона на „Пинкови Ѕвездичките’, настапи македонката   Миа Мустафа со  “Полско цвеќе” од Тоше Проески. Ова и беше првата песна со која Миа се претстави пред жири комисијата. Може малку го заборави текстот, но одлично се снајде на сцена и се “извади”  за грешката во пеењето.

Додека пееше таа не можеше да ги сокрие солзите на сцена.  Миа  ја отепа  “Полско цвеќе”, и ја зацврсти својата вечерна позиција со втората песна – “You know, I am no good”.

„Ти пееш како пејачка која од настап во настап е сѐ поискусна и поискусна. Песната на Тоше ја отпеа со отворен глас, а онаа другата ја пееше во фазон на Ејми Вајнхаус и потполно нѐ убеди дека настапуваш како на сцетска сцена. Облечена си како на доделување на светски награди. Сѐ што е поврзано со тебе е на вистинскиот пат“ – искоментира Леонтина.

И покрај тоа што “Пинковите ѕвездички” повеќе не се емитуваат на македонските телевизии, сепак македонските фанови со задоволство го пратат шоуто преку кабловските оператори и интернет видеата.

Scroll to Top