„Дони Дарк“, нова претстава во Театар „Комедија“

Новата театарска сезона Театар „Комедија“ ја почна со премиерата на романтичната комедија „Дони Дарк“ во режија на актерот Роберт Ристов. Оваа претстава е магистерски труд по режија на актерот Ристов, а текстот, оригинално со наслов „Пеперутките се слободни“, го напишал американскиот автор Леонард Герш во 1969 година.

Улогата на Дони Дарк ја игра Даријан Петров, студент на трета година на Универзитетот ЕСРА, а настапуваат и Мирјана Поповска-Ристов, Магдалена Ризова-Черних и Сашо Ристовски.

Првата реприза на „Дони Дарк“ ќе биде на 29 септември. До крајот на годината од Театар „Комедија“ најавуваат уште три премиери.

Scroll to Top