Мина летото, се ближи Нова година – Дали сега треба да се купуваат или продаваат еврата?

Динарот од почетокот на годината се засили во однос на еврото за 3.5 проценти и под притисоците е во правец на аперцијација, односно раст на неговата пазарна вредност, но НБС ја ограничува нестабилноста на пазарот.Што да се прави со еврата кои ги имаме заштедено? Да купуваме или продаваме? Ова е голема дилема. Судејќи според анализите на експертите, најдобро е до Нова година да не преземаме ништо затоа што најдобро е да не ризикувате и да изгубите. Ако веќе можете, купете некое евро, нема ништо да изгубите.Динарот од почетокот на годината се засили во однос на еврото за 3,5 проценти, и под притисоците е во правец на аперцијација, односно раст на неговата пазарна вредност, но НБС ја ограничува нестабилноста на пазарот, тврдат од Истражувачкиот тим на „Ерсте“ групата.

„Според наше мислење, динарот го поддржуваат подобрените основни фискални индикатори, интензивните кредитирања во динари (кои се дел од резултатот на стратегијата на динаризација) и силниот прилив на капитал. НБС од почетокот на годината често интервенираше на пазарот и на страната на купувањето, и на страната на продажбата (поради сезонското слабеење на динарот во првиот квартал во 2017 година). Поточно, НБС купи 960 милиони евра, и продаде 345 милиони евра. Од друга страна, зголемувањето на увозот поддржан од домашниот пазар и сезонските фактори во последниот квартал на годината играат клучна улога на спротивната страна. Предвидуваме дека курсот на динари според еврото ќе остане главно стабилен, во зоната од околу 120-121 динар за евро“, нагласуваат аналитичарите од „Ерсте“ групата.

 

Економистот Александар Стевановиќ е нешто повнимателен кај овие прогнози.

„Засилувањето од 6% во скорешниот период ни изгледа како неверојатна осцилација, а не ги надминува рамките +3%, -3%. Тоа значи дека сме навикнале на стабилна валута. Не можам да тврдам што ќе биде со динарот до крајот на годината, што што и да биде нема да биде драстично“, вели Стевановиќ.

Според зборовите на професорот на Економскиот факултет Љубодраг Савиќ, секоја година во декември доаѓа до слабеење на домашната валута и засилување на еврото, среде поголемите плаќања од страна на државата. Претприемачите, како што велат, повеќе купуваат девизи за да ги платат суровините и опремата, па побарувачката влијае на нивниот раст.

„Курсот зависи од многу домашни фактори, но и движења на доларот, но во основа на досегашното искуство, можеме да очекуваме слабеење на динарот“, смета Савиќ.

 

 

Scroll to Top