На 21 септември (четврток) во 17 часот пред Владата на РМ активисти на граѓанската иницијатива „О2 коалиција“ и Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ ќе започнат мировен марш за да го одбележат Светскиот ден на мирот. Тие ги повикуваат сите иницијативи, граѓански организации, независни активисти, политички партии и поединци да излезат и да го прослават денот на мирот кој оваа година го посветуваат на правото на чист воздух.
„О2 коалицијата“ и 12 други организации доставиле иницијативи и барања до Министерството за животна средина и просторно планирање, а за решавање на проблемот со прекумерното загадување на воздухот во Скопје.
„Иако здравата животна средина му е гарантирана на секој граѓанин на нашата земја, последниве години сите сме сведоци дека во реалноста не е така. Имаме енормна стапка на загаденост, незапаметен број заболени лица и смртни случаи директно предизвикани од загадениот воздух во критично загадени општини во Македонија“, истакнуваат организаторите.