Патниците изгубени во новиот распоред на ЈСП Скопје

ЈСП Скопје го промени класичниот распоред со нов модерен преку кој можете да ги следите автобусите во реално време.

Сето ова ги збуни патниците, ако претходно требаше да влезете на веб страницата и со еден клик да го дознаете распоредот на вашата линија, сега ќе ви бидат потребни повеќе чекори.

– Квантна физика ли е ова??? Да се врати стариот распоред, коментираат на социјалните мрежи изнервираните патници кои не можат да се снајдат во новиот распоред на јавното претпријатие.

Од ЈСП Скопје пак, објавија водич за да им го олеснат пристапот. Истиот го пренесува во целост во продолжение.

Како полесно да го користите возниот ред на веб страната на ЈСП СКОПЈЕ

Во горното мени со притискање на “Станици“ се појавува листа на сите станици (слика 1). Со одбирање на посакуваната станица и притискање на стрелката се отвора нова листа на која се испишани сите линии (слика 2).

Слика 1
Слика 2

На Слика2 одбрана е станицата ЦЕНТАР РЕКОРД-КОН ЗАПАД каде се прикажани  сите линии кои поминуваат на оваа станица и Преостанато време за кое автобусот ќе пристигне на станицата. Со притискање на копчето  на одбраната станица, ќе се отвори соодветниот возен ред за таа станица (слика 3).

Слика 3

Со притискње на “Линии“ од горното мени, се појавува листа на сите линии (слика 4).

Слика 4

Со одбирање на посакуваната линија и притискање на стрелката се отвора нова листа со сите станици на соодветната линија (слика 5).

Слика 5

Со притискање на копчето   се отвора планиран возен ред за соодветната станица (слика 6)

Слика 6

НАПОМЕНА: Доколку сакате да ги отворите само почетните тргнувања на посакуваната линија, ќе ја одберете првата или последната станица на соодветната линија.

Со притискање на копчето  во двете полиња од горното мени, “Станици“ или “Линии“, ќе ја прикаже локацијата на посакуванта станица.

Scroll to Top