Расцветаа кокичињата, следи затополување на времето

Релативно топлото време за овој период од годината доведе до цутење на кокичињата, вели познатиот метеоролог Славчо Попоски од „Метеомакс“.

„Ова е премногу невообичаено на самиот почеток на јануари да започнат да цветаат кокичињата. Сепак значителното затоплување на времето допрва доаѓа, а тоа значи дека во следниот период ќе имаме многу повисоки температури на воздухот за разлика од оние кои ги имаме сега“, вели тој.

Температурата може да достигне и до 15 степени, а тоа да предизвика расцветување и на други пролетни цвеќиња и овошки.  Заради топлото време ќе почне да се топи снегот. Во скоро време нема да имаме вистинска зима со снег и многу ниски температури.

Scroll to Top