Шест кутриња оставени да умрат од студ во центарот на Скопје  

Утрово во центарот на Скопје шест мали кутриња оставени во кутија умреле од студот. Тие биле оставени во близина на основното училиште „Јохан Хајнрих – Песталоци“, а фотографијата ни ја испрати читател.

„Шест мали кутриња умирале на рати на минусни температури. Некој промислен ги оставил надвор. Бавно умирале топлејќи се едно до друго во борбата за атом топлина. Гневен сум“, вели читателот на „Репортер“.

Сликата била уште потажна, но и потресна затоа што утринава и децата што одат на училиште ги забележале умрените и премрзнати кутриња, па некои и на глас плачеле, а родителите не можеле да ги смират. Изминатиов период во Скопје сè почесто може да се забележат вакви слики. Сè почна кога ротвајлер во населбата Аеродром изгриза неколку деца и возрасни жени. По ова, почна масовно труење кучиња во Скопје.

Scroll to Top