(ВИДЕО) Објавена снимка од почетокот на тепачката на Закинтос

Грчките медиуми денеска објавија уште едно видео од клубот на Закинтос, кое што покажува што претходело на тепачката по која што беше убиен Американецот Бакари Хендерсон.

На видео снимката, снимена од камерите на клубот, се гледа како започнува турканица на маста поради што американскиот студент излегува од клубот, а по него истрчуваат неколку луѓе.

Како што грчките медиуми пишуваат, Американецот седи со машките и девојките и се слика, а брзо по тоа, момче кое што седи од другата страна, го напаѓа Хендерсон кој возвраќа на ударот. Доколку оваа снимка се спореди со претходно објавената, а на која што се гледа продолжението на тепачката на улица, Хендерсон се распознава по неговата облека.

Scroll to Top