(Видео) Трамп и Меланија ја осветлија новогодишната елка

Американскиот претседател Доналд Трамп го вклучи осветлувањето на новогодишната елка и ѝ посака на нацијата среќен Божиќ и Нова година и незаборавни празници.

Трамп и првата дама на САД, Меланија, заедно одбројуваа од десет за потоа таа да го стисне копчето и да ги вклучи декорираните златни светла и сребрени ѕвезди на елката, пренесува АП.

На традиционалниот годишен настан присуствуваа сите членови на семејството на Трамп.

Палењето на светилките на националната новогодишна елка се одржува по 95 пат.

Традицијата почна во 1923 година, а ја почна тогашниот американски претседател Калвин Кулиџ.

Погледнете го видеото:

Scroll to Top