(ВИДЕО) Заборавен „мерцедес“ оживеа по 9 години стоење во полето

Од Естонија ни доаѓа снимка која прикажува возило за кое многумина би рекле дека е парчиња железо кои е невозможно да се вратат во живот.Стариот „мерцедес“ многумина го доживуваат како најсигурен автомобил во историјата и тоа со причина.

Било да говориме за сериите W123, W124 или, пак, W116, сите тие се добри автомобили, кои по години неодржување, верно им служат на своите стопани, па и не чуди што имаат статус на неуништиви машини.

Меѓу нив особено статус имаат старите дизелаши, кои без проблем минуваат и повеќе од половина милион километри без отворање. Ова видео потврдува дека се буквално неуништиви.

Од Естонија доаѓа снимка која прикажува автомобил за кој многумина би рекле дека е парче железо кое тешко може да се врати во живот, пренесува Index.hr.

Откако минал над 372.000 километри, завршилл на полето и таму останал цели девет години.

Но, по малку внимание, се случило чудо, возилото запалило и било подготвено за возење.

Гледајте го видеото:

Scroll to Top