Денеска решивме да ви откриеме кој автомобил повеќе се пржи – црниот или белиот. Општо позната е работата дека црната боја привлекува повеќе сончеви зраци од белата, но дека разликата во температурата измерена на хаубата на црниот и белиот автомобил е волкава – не можевме да поверуваме, се додека ласерскиот мерач не го покажа резултатот.
Па така хаубата на белиот автомобил во 15.00 часот, на паркингот на Нов Белград, покажа дека е топла речиси идентично како официјалната надворешна температура во тој момент – околу 37 степени целзиусови. А потоа решивме да ја измериме и соседната температура на црниот автомобил, покрај него…
Доколку навистина мислите дека вашата омилена боја на автомобилот е црна, знајте дека грее двојно повеќе од белиот. Ласерскиот термометар покажа дека за разлика од белиот, црниот мери неверојатно – 72.6 СТЕПЕНИ ЦЕЛЗИУСОВИ!!!
Уште малку, па на хаубата би можело да се испржи јајце на око. Чекаме 40 (во студ), па ќе пробаме.