Возило влета меѓу демонстрантите, насекаде има крв…
Во американскиот град Шарлотсвил во Вирџинија, во моментов беснеат масовни протести, а безбедносната ситуација на полицијата и бега од контрола, бидејќи на улиците може да се види крв и општ хаос меѓу збеснатите протестанти, а колку работата е сериозна, сведочи и фактот дека гувернерот на оваа американска држава прогласи вонредна состојба.
Најмалку две лица се повредени, соопшти полицијата, а пренесува BBC. Полицијата испали солзавец и бибер спреј врз собраните толпи. Дури и едно возило влета меѓу демонстрантите, но засега не е познато колку од нив во овој инцидент се повредени.
#BREAKING: I just watched a car plow through dozens of protesters. Extremely heavy injuries #Charlottesville pic.twitter.com/rE8DWUmrfD
— Alex Rubinstein (@RealAlexRubi) 12 August 2017
Во овој град немирите избија затоа што локалната власт сака да го тргне кипот од генералот Роберт Е. Лија, командантот на Конфедерацијата во американската граѓанска војна и противник на укинувањето на ропството.
Тоа било повод за протестите на илјандици мажи белци, кои во паркот се обидоа да го заштитат со штитови, и пеејќи расистички слогани.
Истовремено избија и насилни конфликти меѓу претседателските групи и контрамитингашите, кои исто така се собраа во градот, а првенствено во паркот Еманципатион, кој првично се викал „Ли Парк“.
Едни на други фрлаа пластични боци и други предмети и се поливаа со хемикалии, пренесуваат американските медиуми.
Имаше и удари, а полицијата нареди итно да се прекине со протестите, подготвувајќи и барикади и наредувајќи им на луѓето преку мегафон да си заминат од паркот.
Некои од протестантите имаа и кациги на главите, а повеќето имаа и бакли и стапови. Извкуваа работи како „Белите животи се вредни“, (алудирајќи на слоганот „Black lives matter) „Евреите нема да не заменат“, и „Нема да не замените“, додека сеуште во петокот вечерта со бакли шетаа низ подрачјето на универзитетскиот кампус во Вирџинија.