Подготовката на овој рецепт е многу едноставна.
Потребни состојки:
- 200-250 г шпагети
- 200 г печурки (шампињони)
- 100-150 г шунка
- 3 јајца
- 5 лажици слатка павлака
- 4-6 лажици соја сос
- масло
- зачини
Подготовка:
Шампињоните исчистете ги и пресечете ги на половинки. Шпагетите ставете ги во зовриена вода. Додека се варат шпагетите, запржете ја шунката во малку масло, а потоа додајте ги и шампињоните. Во сад измешајте ги јајцата, павлаката и соја сосот. Кога ќе бидат готови, шпагетите ставете ги во тавче, а потоа додадете ја смесата со јајцата и шунката и пржете кратко. Кога ќе се соединат сите состојки, зачинете по вкус. Сервирајте ги топли.