Подгответе шпагети „Карбонара“

Подготовката на овој рецепт е многу едноставна.

Потребни состојки:

  1. 200-250 г шпагети
  2. 200 г печурки (шампињони)
  3. 100-150 г шунка
  4. 3 јајца
  5. 5 лажици слатка павлака
  6. 4-6 лажици соја сос
  7. масло
  8. зачини

Подготовка:

Шампињоните исчистете ги и пресечете ги на половинки. Шпагетите ставете ги во зовриена вода. Додека се варат шпагетите, запржете ја шунката во малку масло, а потоа додајте ги и шампињоните. Во сад измешајте ги јајцата, павлаката и соја сосот. Кога ќе бидат готови, шпагетите ставете ги во тавче, а потоа додадете ја смесата со јајцата и шунката и пржете кратко. Кога ќе се соединат сите состојки, зачинете по вкус. Сервирајте ги топли.

 

Scroll to Top