Кога на 4 мај 1999 година беше наредено да полетаат кон НАТО-авионите, кои надлетуваа над Валево, Павловиќ дежураше на изместеното командно место во Стара Пазова. Се јавил заменикот за по секоја цена да го задржи помладиот колега да не полета и да тргне кон Батајница.
Се доближи до авионот и рече: „Мајката ваша, нема вие да гинете, јас ќе загинам“! Го извлече помладиот пилот од кокпитот и одлета до родниот крај.
Борбата се одвиваше над Валево, само 50 километри од неговото родно место, а кога на небото се појави голема огнена топка, жителите помислиле дека е погоден НАТО-авионот.
Наскоро стигна веста дека на земјата паднале остатоци од српскиот „миг 29“.
Во прв момент тој успеал да го рестартира системот, но го погодила ракета од холандскиот „F-16“ од реонот Тузла.
Беше тоа неговиот последен лет и последниот лет до крајот на НАТО-агресијата. До тогаш биле уништени 11 „мига“, шест во воздух и пет на земја.
Павловиќ постхумно беше одликуван со Орден за храброст и „Златна летачка значка“.
Гледајте ја снимката од неговиот пад: