(ВИДЕО) Автентична снимка од соборувањето на српскиот пилот Миленко од страна на НАТО-авијацијата

By
Миленко го извлече помладиот пилот од кокпитот, влезе и полета кон родниот крај. Најпрвин се доближи до авионот и изјави: „Мајката ваша, нема вие да гинете, деца, јас ќе загинам!“Миленко Павловиќ, командантот на 204. ловечко-авијациски пук се жртвуваше за да го спаси помладиот колега од сигурната смрт што го чекаше во нерамноправната борба со НАТО-авијацијата. Снимката од неговиот пад предизвика голема тага, но и бес кај српскиот народ.

Кога на 4 мај 1999 година беше наредено да полетаат кон НАТО-авионите, кои надлетуваа над Валево, Павловиќ дежураше на изместеното командно место во Стара Пазова. Се јавил заменикот за по секоја цена да го задржи помладиот колега да не полета и да тргне кон Батајница.

Се доближи до авионот и рече: „Мајката ваша, нема вие да гинете, јас ќе загинам“! Го извлече помладиот пилот од кокпитот и одлета до родниот крај.

Борбата се одвиваше над Валево, само 50 километри од неговото родно место, а кога на небото се појави голема огнена топка, жителите помислиле дека е погоден НАТО-авионот.

 

 

Наскоро стигна веста дека на земјата паднале остатоци од српскиот „миг 29“.

Во прв момент тој успеал да го рестартира системот, но го погодила ракета од холандскиот „F-16“ од реонот Тузла.

Беше тоа неговиот последен лет и последниот лет до крајот на НАТО-агресијата. До тогаш биле уништени 11 „мига“, шест во воздух и пет на земја.

Павловиќ постхумно беше одликуван со Орден за храброст и „Златна летачка значка“.

Гледајте ја снимката од неговиот пад:

 

 

 

Ќе ви се допадне