Само од сликите од внатрешноста на овие скапоцени станови ќе ви се заврти во главата, а нивната цена се движи од 4000 до 5500 евра. Сите се опремени со луксузни стилски мебел и имаат преку 400 квадрати.
Најмногу внимание привлекува станот во срцето на Сенјак од „вртоглави“ 400 квадрати, на три нивоа.
Овој стамбен простор пука од луксуз, и сигурно дека не е за секој џеб. Чини „скромни“ 5000 евра месечно.
Ако поради трпезаријата и дневниот престој останавте без текст, почекајте да ја видите собата за гости.
Во вакви станови, тоалетите и тоа како блескаат со луксуз.
Можете ли да си замислите да изнајмите стан кој е поскап од претходниот за 500 евра, а чини 5000 евра?
Огласот за издавање е објавен на „Halo oglasite“.
Во прашање е прекрасен, дизајнерски наместен стан од 307 метри квадратни на Врачар, во непосредна близина до Храмот Свети Сава.
Има 4 спални соби, целосно опремени со кујна, 3 купатила, летна кујна, со покриена тераса. Станот има и неверојатна градина од 200 метри квадратни, во која дополнителен комфор овозможува и џакузито.
Третиот стан кој ви го претставуваме, а кој чини 4500 евра месечно е исклучително луксузен, досега невселив пентхаус, градба од 2015 година, кој се наоѓа во Автокоманда.
Горното ниво претставува оаза за уживање, со една дневна соба, а во оквирот се наоѓа и џакузи, купатило и сауна.
Од оваа просторија се пристапуте на прекрасен простран балкон, кој овозможува поглед на целиот град, а во продолжение на ва ниво се наоѓа и теретана. Има две паркинг места во подземната гаража.
Во подрумот на оваа зграда во овој луксузен стан има и винарија.
Секој од овие три стана поседува сетоа тоа што, љубителите на луксузот го посакуваат. И што е најважно, има се што треба, за оние кои ваков луксуз може да си дозволат.