За кирија во вакви станови во Автокоманда луѓето трчаат да платат и по 500 евра

By
Просечната квадратура на ваквите станови е 400 квадрати, воглавно имаат по неколку нивоа, па дури и сопствени винарии.Додека студентите на секој почеток во септември се мачат да пронајдат стан кој ќе им одговара на нивниот паричник, а таа цифра ретко надминува над 150 евра, има и такви кои без проблем месечно кешираат и по неколку илјадници евра за животниот простор. Се разбира за најлуксузната локација во градот.

dobivaj vesti na viber

Само од сликите од внатрешноста на овие скапоцени станови ќе ви се заврти во главата, а нивната цена се движи од 4000 до 5500 евра. Сите се опремени со луксузни стилски мебел и имаат преку 400 квадрати.

Најмногу внимание привлекува станот во срцето на Сенјак од „вртоглави“ 400 квадрати, на три нивоа.

Овој стамбен простор пука од луксуз, и сигурно дека не е за секој џеб. Чини „скромни“ 5000 евра месечно.

 

Ако поради трпезаријата и дневниот престој останавте без текст, почекајте да ја видите собата за гости.

Во вакви станови, тоалетите и тоа како блескаат со луксуз.

Можете ли да си замислите да изнајмите стан кој е поскап од претходниот за 500 евра, а чини 5000 евра?

Огласот за издавање е објавен на „Halo oglasite“.

Во прашање е прекрасен, дизајнерски наместен стан од 307 метри квадратни на Врачар, во непосредна близина до Храмот Свети Сава.

Располага со многу атрактивен дневен салон со несекојдневна висина на плафотнот од 6 метри.

Има 4 спални соби, целосно опремени со кујна, 3 купатила, летна кујна, со покриена тераса. Станот има и неверојатна градина од 200 метри квадратни, во која дополнителен комфор овозможува и џакузито.

Третиот стан кој ви го претставуваме, а кој чини 4500 евра месечно е исклучително луксузен, досега невселив пентхаус, градба од 2015 година, кој се наоѓа во Автокоманда.

Вкупната површина од 400 метри квадратни е направена на две нивоа. Пониското ниво опфаќа дневен престој кој е во комуникација со трпезарискиот дел и кујна, една главна спална соба со купатило, уште две спални со заедничко купатило и гардероба.

Горното ниво претставува оаза за уживање, со една дневна соба, а во оквирот се наоѓа и џакузи, купатило и сауна.

Од оваа просторија се пристапуте на прекрасен простран балкон, кој овозможува поглед на целиот град, а во продолжение на ва ниво се наоѓа и теретана. Има две паркинг места во подземната гаража.

Во подрумот на оваа зграда во овој луксузен стан има и винарија.

Секој од овие три стана поседува сетоа тоа што, љубителите на луксузот го посакуваат. И што е најважно, има се што треба, за оние кои ваков луксуз може да си дозволат.

 

Ќе ви се допадне