Вечерва (8 септември) и утревечер продолжува големата летна забава „Супер Скопје“, овојпат на Боемска улица. Забавата вечерва ќе почне во 21 часот со настапот на Влатко Илиевски, а ќе продолжи со настапите на групите Синтезис и Фолтин. Бината ќе биде поствена на улицата „Боемска 1“ пред гостилницата Канцеларија.
Во сабота, од 21 часот, присутните ќе ги забавуваат Нино Величковски и Тамбурашите, а ќе продолжат Љубојна и Оркестарот на Џамбо Агушев на бината којашто ќе биде поставена на улицата „Боемска 2“ на просторот помеѓу гостилниците „ Кај Перо“ и „Идадија“.
Проектот „Супер Скопје“ доаѓа на предлог и иницијатива на сопственици и менаџерите на угостителски објекти од повеќе локации од Скопје. За потсетување, согласно со одлука на Советот на Град Скопје, вечерите кога се одржува „Супер Скопје“ работното време на угостителските локали е продолжено за еден час .